Струмичанец ранил велешанец на гроздобер
Во камп со монтажни бараки за берба на грозје во валандовското село Пирава вчера околу 12 часот при меѓусебна расправија 21-годишен струмичанец му нанел убодна рана во пределот на левата страна од стомакот на 66-годишен велешанец.
Како што информира МВР, при меѓусебна расправија Ј.А. (21) од Струмица му нанел убодна рана во пределот на левата страна од стомакот на С.М. (66) од Велес, кој бил одговорен за евидентирање на гајби од берба на грозје. По настанот, Ј.А. заминал во непознат правец, а С.М. бил пренесен во Здравствен дом-Гевгелија каде му била констатирана убодна рана во пределот на стомакот, по што бил задржан на натамошно лекување.
По преземени мерки Ј.А. бил пронајден и приведен. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот