Македонија
27. January 2021 - 12:26

Струмица: Расте интересот за волонтеризам меѓу младите

Расте интересот за младинскиот волонтеризам во Струмица. Преку 200 младинци се изјасниле дека сакаат да бидат дел од обуките за реализација на проекти кои имаат за цел промоција на хуманите вредности. Во наредните десет месеци низ 40 работилници идните млади волонтери ќе имаат можност да се запознаат со основните хумани вредности, но и ќе наоѓаат начини како да им помогнат на социјално загрозените или пак лицата кои се маргинализирани од страна на општеството. Во рамки на обуките се опфатени најразлични теми, од тие што се блиски на Црвениот крст па се до човечкиот импакт врз природата и историја на литература.

„Ќе имаат можност да развиваат тимска работа, кариерно насочување, можности за за изразување. Да научат како се таргетира некој општествен проблем како би можеле да направиме некоја активност со која што не краткорочно, туку долгорочно или би го свртеле вниманието на самото општество или пак би допринеле за решавање на таквиот проблем или ублажување на некои последици кои негативно се одразуваат на одредени категории на луѓе“, вели Маријана Тошева - Секретар на Црвен крст Струмица.

Освен во Струмица, обуки за ПХВ проекти или проекти за промоција на хумани вредности ќе се одржуваат во сите општински организации на црвениот крст. Според првичните проценки во нив треба да бидат вклучени околу 8000 младинци од целата држава.