-->
-->
Струмица: Полицијата уапси три лица кои украле „југо“ па се возеле со него
-->
На 04.11.2022 во 01.30 часот во село Дабиље, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Џ.Д.(22) и О.Х.(40), двајцата од Струмица и О.А.(24) од Штип.
Тие биле затекнати во патничко моторно возило „југо“ со струмички регистарски ознаки, за кое претходно сопственикот Ц.Г. од Струмица пријавил дека му било одземено.
Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а возилото било вратено на сопственикот. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи
-
Врховен суд ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици
-
Основните и средни училишта во Кочани должат 10,5 милиони мкд кон КПЈ „Водовод“
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ