Македонија
17. March 2017 - 21:13

Струмица и Ново Село на нозе: НЕ за надворешните кројачи на судбината на македонскиот народ

Два одвоени протестни маршеви се одржаа вечерва во Струмица и во Ново Село. Група граѓани од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се собраа на градскиот плоштад „Гоце Делчев“.
 
Иницијаторите истакнаа дека Струмица е револуционерен град, а не град на тишината во кој сите живеат под закана да не сносат последици, а најмногу бизнисмените, повикувајќи ги граѓаните да кажат не и дека, според нив, никој не може да ја помине црвено-жолтата боја.
 
-Овде нема партија, ова е Македонија, посочуваа граѓаните.
 
Во Општина Ново Село, по одржаните говори, жителите тргнаа на мирен марш во знак на поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, за како што посочија, да кажат НЕ на надворешните кројачи на судбината на македонскиот народ и самостојна и унитарна Македонија.