Македонија
22. March 2019 - 19:38

„Струмица грижлив град“ – проект за ранливите категории граѓани

По примерот на високоразвиените држави Струмица  воведува концепт на грижлив град. Се работи за петгодишна стратегија  од областа на социјалната сфера која за прв  пат се прави во државата , а  има за цел подигнување на квалитетот на живот на сите ранливи категории граѓани. 

Целта е системска идентификација на проблемите, утврдување на приоритетите и нивно заедничко решавање.  Во реализацијата на проектот заеднички ќе работат граѓанските организации, локалните, но и институциите кои се под надлежност на централната власт. Една од првите задачи ќе биде изработка на анализа која треба да даде реална слика за сите проблеми кои ги има оваа категорија граѓани, но и што до сега е реализирано на овој план.

,,Општина Струмица доста работеше во сферата на социјалната заштита, но сепак работеше изолирано во рамките на соодветни или поединечни општински активности или проекти. Меѓутоа сега започнуваме нов концепт каде што сите заедно обединети ќе ги утврдиме сите проблеми. Во тој контекст ќе се направат приоритети и на вистински начин да ги испланираме, односно финансиски да ги избуџетираме за да може да ги утврдиме соодветните извори на финансирање“, вели Тони Милушев, раководител на одделение за ЛЕР во Општина Струмица.

Во рамките на проектот ќе биде избрано координативно тело чија задача ќе биде реализација на активностите од проектот, но и работни групи кои ќе работат на идентификација на проблемите.