-->
-->
Струмица домаќин на „Арсенал камп“
-->

Струмица е домаќин на тридневниот „Арсенал камп“ на кој учествуваат деца, талентирани фудбалери од Македонија, Бугарија, Србија и Косово. Присутен е и скаутот на клубот Арсенал, Лакис Папајоану кој е со намера на најталентираните да им го отвори патот кон овој премиерлигаш.
Вршителот на должноста градоначалник, Костадин Костадинов и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, ги посетија дечињата и нивните тренери.
Поздравувајќи ги, Костадинов, рече дека за Струмица е голема чест да биде домаќин на овој тридневен спортски собир и им посака од тука да си заминат побогати со нови искуства и пријателства.
- Големо е задоволството што можам да ви се обратам на овој убав и за наши прилики несекојдневен спортски собир кој се случува во нашиов град, во спортска и фудбалска Струмица. Радосен сум што како в.д. градоначалник можам да ви ги пренесам поздравите од сите гостопримливи граѓани на Струмица, особено од љубителите на фудбалот и на спортот, воопшто. Да се биде град – домаќин на „Арсенал кампот“ е голема чест, затоа што овој клуб е еден од најдобрите фудбалски колективи во Европа и светот. „Топчиите“ од Лондон со своите 13 шампионски титули во англиската Премиер лига, како и со освоените први места во европскиот Куп на куповите и Купот на УЕФА, само потврдуваат дека се еден од најреспектабилните фудбалски клубови на нашава планета, рече Костадинов.
Преку ваков камп на фудбалскиот клуб „Арсенал“ , струмичанецот Дени Илиев ја продолжи кариерата во Лондон каде четири години го брани голот на помладиот тим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица