Бизнис
9. September 2020 - 16:49

Струјата ја зголеми потрошувачката кошничка за 300 денари

Поскапата струја ги дигна трошоците на домаќинствата. Во август на едно семејство му биле потребни 273 денари повеќе за основните потреби споредено со јули. Целата зголемена сума отпаѓа на трошоците за сметки.

Според пресметките што ги прави Сојузот на синдикатите, а се однесуваат на минималната потршувачка на едно четиричлено семесјтво, во август за сметки биле потребни 10.780 денари, оваа сума долг период наназад не надминуваше 10.500 денари.

Против поскапената струја веќе цел месец има и протести. Од иницијативниот одбор против поскапувањето велат дека подготуваат нова тактика, притисокот сега ќе го насочат кон пратениците.

Вкупно потрошувачката кошничка во август изнесувала 33.538 денари. Од овие пари близу 25.000 се трошоци за храна и сметки. Последниот објавен податок за просечната плата од статистика е за јуни. Изнесувала 26.867 денари или за да се задоволат потребите на семејството фалат уште над 100 евра.

Дополнителен проблем е кризата заради која луѓето секојдневно остануваат без работа. Според евиденцијата на АВРМ, од февруари до јуни на списокот невработени додадени нови над 27.000 лица.