Ракомет
13. August 2015 - 9:11

Струга 2015: Победи за Бешикташ и Сесон

Екипите на Бешикташ и на Сесон постигнаа победи на првиот ден од ракометниот турнир Струга 2015.

Во дуелот од групата Б Бешикташ го победи македонскиот претставник Струмица (порано Зомимак) со 19:18.
Во дуелот од А групата Сесон од Фрнација ја победи португалска Бенфика, за која брани македонскиот репрезентативец Никола Митревски со 24:21.
Денеска се играат дуелите:
19 часот: Струмица - Динамо Букурешт и
20:45 часот: Сесон - Замалек.