Строги казни за операторите во Тајланд кои не го пренесуваат неделното шоу на премиерот

Националната Агенција за телекомуникации и раководството на Втората армија на Тајланд денеска издадоа предупредување дека строго ќе бидат казнети операторите кои нема да го пренесуваат неделното радио-шоу на актуелниот премиер и водачот на воениот удар, генерал Прајут Кан-ока.
Генеалот Прајут секој петок се јавува пред нацијата со едно и пол часовна емисија на која зборува за актуелнте состојби во Тајланд, а емисијата се вика „Враќање на среќата за Тајландскиот народ’’.
Директорот на Агенцијата за телекомуникации, Асавин ќе побара сите радио оператори да потпишат меморандум за соработка. Во спротивно, Агенцијата нема да им ги продолжува или ќе им ги укине лиценците.
Агенцијата и армијата имаат сознанија дека 250 оператори „нередовно или воопшто“ не го пренесуваат радио-шоуо на генералот Прајут.
По воениот удар од мај минатата година во Тајланд се спроведува строга цензура на медиумите. Дваесетина уредници на интернет портали и радио и ТВ станици се осудени на затвоски казни до 3 години и голема парични казни за кршење на законот за цензура, најчесто поради критика на воениот режим.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
