Стресот може да биде заразен
Стресот може да биде заразен, а на луѓето делува многу повеќе ако под стрес е лицето кое го сакаат, отколку ако се работи за странец, утврдија германски научници.
Тие велат дека само ако набљудуваме некој кој се наоѓа во стресна ситуација, често предизвикува телото на набљудувачот да почне да лачи кортизол, хормон кој се излачува како одговор на телесниот и психичкиот стрес.
Тоа е феномен кој се нарекува „емпатичен стрес“.
Тимот научници, кој го предводи Таниа Сингер, директор на Одделот за социјална невронаука на Институтот Макс Планк во Лајпциг, подложил 151 лице на стресни ситуации, како што се комплицирани аритметички операции или разговор за работа.
Тестираните лица ги гледале набљудувачи, кои биле нивни партнери или странци од спротивниот пол.
Вкупно 26 отсто од набљудувачите покажале значително зголемување на кортизолот.
Меѓу партнерите, стресот бил „заразен“ за 40 отсто, а меѓу странците за десет отсто.
– Тоа значи дека дури и телевизиските програми кои прикажуваат луѓе како страдаат можат да го пренесат нивниот стрес, вели Вероника Енгерт, една од научниците.
Ново на Сител
-
МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци
-
СДСМ избира нов лидер на партијата
-
Македонците во Албанија не ги признаваат резултатите од пописот, МНР ќе го повика амбасадорот Марковски на консултации
-
Нема кој да ги управува „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
-
Хамас: Нема напредок во преговорите со Израел, САД ни вршат притисок
-
Најмалку 18 лица загинати, а 30 повредени при терористички напади во североисточна Нигерија
-
Во Франција се одржува првиот круг вонредни парламентарни избори
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози, золемен интензитетот надвор од градските средини