Стрелките се враќаат еден час назад: Еве кога започнува зимското сметање на времето

Зимското сметање на времето годинава ќе започне на 25 октомври, кога часовниците ќе се поместат еден час наназад. Во 3 часот по полноќ, стрелките ќе се вратат на 2 часот, со што практично ќе добиеме еден час повеќе за спиење.
Следната промена ќе биде на 28 март 2027 година, кога повторно ќе започне летното сметање на времето, а тоа ќе трае до 31 октомври истата година.
Календарот со датумите за промена на времето е направен според правилата што моментално се во сила во Европската Унија. Сепак, тоа не значи дека поместувањето на часовниците сигурно ќе продолжи до 2031 година. Доколку во меѓувреме бидат усвоени нови европски правила, оваа практика би можела да биде укината и порано.
Во Европската Унија со години се води дебата за укинување на сезонското менување на времето. Европскиот парламент во 2019 година го поддржа предлогот поместувањето на часовниците да престане во 2021 година, но планот не беше реализиран бидејќи земјите-членки не постигнаа согласност дали трајно да се задржи летното или стандардното, односно зимското време.
Според правилото на ЕУ, кое се применува и во Македонија, летното сметање на времето започнува во последниот викенд од март, кога во 2 часот стрелките се поместуваат на 3 часот. Зимското сметање започнува во последниот викенд од октомври, кога во 3 часот часовниците се враќаат еден час наназад, односно на 2 часот.
Ново на Сител
-

МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
-

Системот за интернет гласање во Москва погоден од кибернапад на вториот ден од парламентарните избори
-

Утре наместа нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Јамал: Го следам Реал, но секогаш сакам да губат
-

Полска ги крена борбените авиони поради руските напади врз Украина
-

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо
-

Македонскиот тим се враќа со сребрен и бронзен медал од 33. Балканска олимпијада по информатика во Тирана
-

Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
