Македонија
25. September 2015 - 21:53

Стравична сообраќајка во Аеродром, автомобил се преврте на кров

Возач е полесно повреден во сообраќајна несреќа која се случи вечерва во скопската населба Аеродром во близина на „Мајчин дом“. 
 
Возачот со автомобил марка „Шкода Октавиа“ со скопски регистерски таблици, возел од Бисер кон Железничката станица во Скопје и сакајќи да избегне директен удар во дете, изгубил контрола и автомобилот се превртил на кров. 
 
Според очевидци, возилото се движело на булеварот Јане Сандански со повеќе од 100 км на час. 
 
Полицијата извршила увид, а повредениот возач е пренесен во болница. Нема други повредени.