Свет
18. November 2019 - 15:54

Страв и ужас во Тексас: Мајка по разводот ги уби трите деца со пиштол па си пресуди

Властите во Тексас потврдија дека 39-годишната Ешли Аузен ги убила своите три деца на возраст од 7,9 и 11 години, а потоа и себеси си го одзела животот.

Канцеларијата на медицинскиот истражител на округот Харис утврдил дека Аузен во својот дом во Дир Парк во Тексас, со пиштол извршила самоубиство откако ги застрелала своите деца: Париша (11), Еленор (9) и Линколн (7).

Мотивот не е познат.

Полицијата на 29. октомври, по дојава од семејството дека не може да стапи во контакт со неа и со децата, во нејзиниот дом се пронајдени четири тела, пишува Јаху њуз.

Мотивот на убиството и самоубиството не е познат, а КТРК известува дека овој трагичен настан следувал недела дена по официјалната потврда за развод меѓу Ешли и нејзиниот, сега бивш сопруг.