Живот
31. July 2017 - 11:52

Страшно: Нова дрога што ги претвора луѓето во „зомбија“

Шокирачки снимки од англискиот град Нотингем го покажуваат вџашувачкиот ефект на нова синтетичка дрога врз луѓето, пренесува „Дејли Меил“.

Видеото го снимил случаен минувач.

На него се гледа како еден од „храбрите" лежи на улица свртен со лицето надолу, додека друг си „гушнал“ една корпа за отпадоци и не може да се „одлепи“ од неа. Луѓето залудно се обидуваат да им помогнат.

Видеото објавено на „Фејсбук" предизвика стотици коментари од загрижени луѓе.