Балкан
24. July 2015 - 15:10

Страшно невреме проследено со силен ветар и град ја погоди Хрватска

Речиси цела Хрватска од вчера е зафатена од големо невреме пропратено со обилен дожд, грмотевици, силен ветар и град. Голема количина дожд наврна во Загреб и Сплит, каде дел од градските улици беа поплавени.

Температурата во Загреб за еден час се спуштила од 35 на 26 степени, а во Сплит од 31 на 25 степени Целзиусови, пренесуваат хрватските медиуми.