Страшно: Љубоморна девојка ја убила својата сестра - Ја избодела 40 пати, па и ги ископала очите!

Љубоморна девојка ја убила својата сестра, ја избодела 40 пати, и потоа и ги извадила очите.
Елизавета Дубровина (19) е обвинета за тешко убиство на две години помладата сестра Стефанија која во рускиот Санкт Петербург била позната во модните кругови работејќи како модел.
Бруталното убиство се случило на 24 февруари во станот на 42-годишен непознат маж, каде Стефанија била избодена 40 пати. Телото и било целосно растргнато, а нејзината сестра Елизавета и ги ископала очите и и ги отсекла ушите.
Полицијата соопштила дека Елизавета за време на злочинот била на тешки дроги и во моментов таа се наоѓа во притвор.

Ноќта кога е убиена, се фотографирала гола и фотографиите ги споделила на најпознатата руска друштвена мрежа „VKontakte“ вечерта пред да биде убиена.
Рускиот музичар Стас Барецки е шокиран со овој злочин и вели дека гласините дека снимала порно филмови се демантирани, дека сепак во такво нешто никогаш не била вплеткана. Таа сакала само да биде само успешен модел, изјавил Стас.

Ново на Сител
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
