-->
-->
Страшни снимки од Италија, болниците преполни со пациенти
-->

Собите во италијанската болница во Кремона, градот во покраината Ломбардија, повеќе не се исполнети со медицински работници и луѓе на кои што им е најпотребна помош туку со ковчези.
Ги има толку многу што болничката капела сега добила нова намена. Семејствата на починатите не се, и во скоро време нема да бидат во можност да се збогуваат со своите најдраги и сакани. Во Италија тоа е реалност – луѓето умираат сами.
За работата да биде уште пострашна, пациентите кои што завршуваат фатално се сè помлади и помлади, што досега не е забележана ваква ситуација никаде на друго место во светот кога станува збор за коронавирусот, кој што како што знаеме најмногу ја напаѓа постарата популација.
Докторката Емануела Катаначи за светот има само една јасна порака: „Заклучете се“.
Досега во светот има над 340.000 заразени од коронавирусот, а починати 15.000 и закрепнати 99.000 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
-

Во пристаништето Драч, запленети 107,7 килограми канабис со многу високо ниво на THC, пристигнати од Канада
-

Симовски: Дадовме солиден отпор против светскиот вицепрвак
-

ЦУК: Вкупно 31 пожар, три активни, четири под контрола
