Страшни глетки од развратната забава: Крис Браун повторно нападна жена
Американскиот музичар Крис Браун (28) на почетокот на неделата е снимен како се забавува во добро женско друшво во Мајами.
Папараците го уловиле на терасата на приватната вила или хотел, а фотографиите кои протекоа во јавноста многумина ги протолкуваа како крајно вознемирувачки.
Крис во еден момент една од девојките цврсто ја зграпчил околу вратот, како да ја дави, а откако светските медиуми медиуми објавија се, музичарот, и тоа преку својот адвокат, веднаш ја изнесе својата страна на приказната.
– Жената на фотографијата му е пријателка. Очигледно е дека двајцата само се шегувале, во прашање е обична, наивна игра, а не насилство – изјавил за порталот ТМЗ адвокатот на Браун, Марк Герагос.
Да потсетиме, Крис Браун во 2009 година ја претепа тогашната девојка, пејачката Ријана (30), поради што беше осуден на петгодишна условна казна, доби и шест месеци добротворна работа, а една година мораше да оди на советување поради извршеното насилство над жените.
Ново на Сител
-
Деновиве ќе биде соопштено од кои учебници ќе се учи во седмо
-
МАЕИ: Се подготвува декларација за непризнавање на пописните резултати
-
Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта
-
Изминатото деноноќие гореле камион, шупа, трева, депонии...
-
Молњи предизвикаа два шумски пожари на Тасос
-
Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан и Стефана годинешните зет и невеста
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет