Македонија
30. August 2015 - 16:40

Страшна сообраќајна несреќа кај Смоквица

Стравична сообраќајка на магистралниот пат Смоквица - Демир Капија. Во директен судир на два автомобила потешко повредени се двајца странски државјани.

Несреќата се случила претпладнево околу 11 часот и 30 минути кај селото Смоквица на само 100-тина метри од автопатската делница пред Гевгелија. Во директниот судир учествувале автомобил „пежо“ со босанска регистрација и „опел“ со српски регистарски ознаки.

Од засега неутврдени причини едно од возилото преминало во спротивната коловна лента и директно удрило во автомобилот кој доаѓал од спротивниот правец. Од силината на ударот, опелот излетал надвор од патот.

Во несреќата се повредени двајца, со тешки телесни повреди се зддобила жена од босанскиот автомобил и едно лице од опелот со српска регистрација.

На местото на несреќата увид правеше полицјата и јавен обвинител. Поради несреќата, сообраќајот беше пренасочен по автопатската делница која е во изградба.