-->
-->
Страшна сообраќајка кај Кичево - 18 повредени во судир на три возила
-->

Страшна сообраќајна несреќа се случила утринава околу 7 часот на регионалниот пат Кичево-Осломеј кај селото Мамудовци.
Во несреќата меѓу две патнички комбиња и едно товарно возило повредени се 18 лица од кои 6 со тешки повреди се хоспитализирани во охридската болница „Св. Еразмо“, додека 3 лица поради сериозните повреди се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Во несреќата 9 лица минале со полесни повреди.
Според информациите од СВР Охрид несреќата се случила во момент кога едно од комбињата започнало да врши претекнување на другото комбе при што дошло до директен судир со товарното возило кое доаѓало од спротивен правец, а потоа и со комбето.
Комбето кое било претекнувано излетало од патот, а другото удрило во бетонски столб. Повредените биле работници кои се превезувале до РЕК Осломеј.
Јавен обвинител во присуство на полициски екипи извршил увид, а за време на истиот сообраќајот се одвивал наизменично.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци