Страшна несреќа во Србија - загина 18 годишник, 2 лица се повредени

Како што пренесува kurir.rs, Стефан Љубоја (18), ученик во последната година во Техничкото школо во Сомбор, погина во тешка сообраќајна несреќа која се случила на патот Сомбор-Апатин, додека неговите двајца другари, кои исто така се наоѓале во автомобилот се хоспитализирани во сомборската болница и се надвор од живот опасност.
Несреќата се случила вчера околу 15 часот кога автомобил со марка „голф“, кој го управувал Стефан, излетал од патот и удрил во дрво. Несреќниот дечко им подлегнал на повредите на самото место. Трагедијата се случила стотици метри пред мостот од правецот на Сомбор.
- Младиот возач, за жал, директно удрил во дрво од неговата страна. Погинал на лице место. Бил врзан и со појас. Глетката беше морничава. Другите две момчиња беа во свесна состојба и одма беа пренесени во сомборската болница, изјави извор од самото место на несреќата за kurir.rs.
Стефан бил матурант во Техничкото школо во Сомбор. По кажувањата на неговите врсници, комшии, бил угледен и добар дечко и е едно од трите деца во породицата Љубоја.
- Пред неколку години од Сомбор се преселија во Буковац, па почесто го гледав. Порано во основно, се дружевме, бидејќи живеевме во комшии и го знам како добар и мирен дечко. За неговите двајца придружници кои биле со него во автомобилот слушнав дека се надвор од животна опасност, кажува врсничката на Стефан и бивша комшивка.
Причината за оваа сообраќајна несреќа ќе биде позната по истрагата.
Ново на Сител
-

Променливо облачно и нестабилна на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во деновите од продолжениот викенд
-

Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет - енергетската стабилност
-

Рибарски: Голем број станови изградени пред 2000 година се запишани со помала квадратура во Катастарот
-

Италијанскиот фудбалски гигант Милан ќе одржи камп во Скопје
-

Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера, треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка
-

Мицкоски: „Костал“ е инспирација да продолжиме да се надополнуваме, поддржуваме и заеднички да напредуваме
-

Над 1.800 вработени во јавното здравство поднеле судски тужби против своите установи
-

Мицкоски: ЕСМ вложи жалба за случајот „Мазут“, очекувам Вишото јавно обвинителство да ги разгледа фактите и да одлучи
