Страшна несреќа на патот Струга -Дебар, повредени четири лица
Четири лица се повредени во сообраќајка на патот Струга - Дебар.
Во 12.35 часот на крстосница од регионалниот пат Струга - Дебар и локален пат за селото Долна Белица, струшко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничо моторно возило „фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Л.А.(54) од селото Ливада, струшко, патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(54) од селото Велешта, струшко, и патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.С.(64) од Охрид.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фолксваген голф“, К.Д. (58) од с.Ливада, а со телесни повреди се здобиле возачот Л.А., возачот Ш.Р. и совозачот на возилото „фолксваген пасат“, со охридски регистарски ознаки, Ц.С.(59) од Охрид.
Тие биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.
Ново на Сител
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди