Балкан
24. April 2017 - 10:26

Страотна трагедија: Го убил синот, сопругата и шурата па се самоубил во селската црква

Во селото Бариќ кај Голубац утрово се случила незапаметена трагедија зошто дошло до тројно убиство и самоубиство.

Божидар Д. (77), австриски пензионер, со истрели од пиштол го убил својот син, сопругата и шурата, а снаата тешко ја ранил.

Потоа извршил самоубиство пукајќи си во главата, во портата на селската црква.

Според првичните информации целото семејство со години работело во Австрија.

Причината за судирот засега е непознат, а истрагата е во тек.