Страотна сообраќајка во Сарај: Четиричлено семејство во болница, девојче (2) тешко повредено, братчето (3) полесно
Вчера околу 17.25 часот во село Сарај, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.С.(38) од село Арнакија, скопско, патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетoвски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(31) од село Нераште, тетовско и патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(46) од село Грчец, скопско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило двегодишно девојче од село Нераште -сопатничка во возилото „Голф “ со тетовски ознаки. Таа била пренесена на комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Со телесни повреди се здобиле и возачот на возилото„Голф“ со тетовски ознаки и сопатниците – тригодишно дете и С.И.(21), сите од село Нераште.
По укажаната помош тие биле пуштени на домашно лекување. Извршен е увид на местото.
Ново на Сител
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“
-
Анализа: Како напредува процесот на дигитализација на УКИМ?
-
Прилеп конечно доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри