Страотна сообраќајка: Татко и син загинаа, третото лице се бори за живот

Татко и син загинаа во директен судар на комбе со риечки таблички и автомобил со шибенички, кој попладнево се случи на новоизградената обиколнива на градот Водицe. Сударот се случил нешто пред 12 часот напладне, а лекарите се борат за животот на уште едно лице.
Според полицијата, три лица биле превезени во Општата болница во Шибеник, а потоа е потврдено дека две од лицата починале, а едно повредено лице се бори за живот.


Несреќата се случила на крстосницата од обиколницата на жупанискиот пат на која се поставени семафори, и ова е втора тешка сообраќајка за месец дена откако на 17 мај хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ свечено ја отвори.
Граѓаните со недели предупредуваат дека обиколницата треба да се затвори, додека не се заврши до крај, зошто е прерано отворена за предизборни цели. Граѓаните тука пребрзо возат бидејќи нема ограничувања на брзината и други знаци.
Ново на Сител
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
-

Мицкоски: Не се поместуваме ни милиметар ако не се помести и Софија
-

14 инспекции ќе казнуваат ако се пушат цигари на места каде е забрането – Законот стапува на сила летово
-

Од понеделник премиерот очекува поевтинување на дизелот за 6,5 денари, ДДВ-то се враќа на 18%
-

Оформени 45 предмети и изречени над 200.000 евра казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики
-

Гастрономската понуда клучен фактор за повеќе туристи
-

Кочани доби Центар за поддршка на момчиња и мажи
-

Преглед на вестите од светот
