-->
-->
Страотна сообраќајка ноќеска, скопјанец удрил во дрво па во паркирани автомобили, тројца повредени
-->

Ноќеска околу 01.25 часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје, патничко возило „Шеврлолет круз“, управувано од В.Б.(47) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрво, а потоа и во паркирани патнички возила „Опел Астра“ и „Фиат Пунто“, сите со скопски регистарски ознаки.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот Љ.С.(55) од Скопје, додека другиот сопатник Т.Г.(39) од Скопје се здобил со телесни повреди.
Возачот бил бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарка помош, додека двајцата сопатници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Руски напади врз црноморското пристаниште Измаил, погодени два товарни брода
-

Зеленски: Украина ќе ги обнови нападите врз руските рафинерии
-

Си-ен-ен: Ако продолжи конфликтот со Иран, американската армија може да употреби „Мајка на сите бомби“
-

ЛШ: Минимален пораз за Вардар на гостувањето во Полска
-

На комисиска расправа Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво
-

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“
-

Сончево со мала до умерена облачност
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
