Македонија
31. January 2016 - 8:42

Страотна сообраќајка на Илинденска, се преврте возило

Страотна сообраќајка се случи утрово на булеварот Илинден, во непосредна близина на Гимназијата Орце Николов.

Полицијата врши увид во моментот, при што на десната страна од булеварот превртено на покрив стои едно возило.

На булеварот видливи се траги од ударот на возилото во средишната бетонска жардињера.

Засега нема информации за повредени во сообраќајката, поради која беше и стопириран сообраќајот.

Полицијата тгреба да ги утврди причините за оваа, уште една во низата несреќи на скопските улици.