Македонија
21. May 2017 - 13:04

Страотна несреќа во кругот на Фабриката за цевки во Куманово, работник остана без нозе

Вчера околу 11.30 часот во кругот на фабриката ФЗЦ „11-ти Октомври“, додека В.С.(48) од Куманово управувал кран и се движел по шините во кругот на фабриката, при поминување покрај метални конструкции, му ги притиснал нозете на И.Ѓ.(32) од Куманово.
 
Имено, В.С. не забележал дека И.Ѓ. се качил на кранот и при поминување покрај металните конструкции во еден момент му ги притиснал нозете. И.Ѓ. бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.