Свет
11. October 2019 - 15:00

Страотна несреќа во Кина: Се урна надвозник на автопат, три лица загинаа, автомобили останаа заглавени под урнатините

Три лица загинаа, а двајца се повредени кога се урна надвозник на автопато во град во источна Кина, јавија денеска кинеските власти.

Катастрофата се случила во местото Вукси, во источната кинеска провинција Џангсу, на околу 100 километри северозападно од Шангај.

Според прелиминарната истрага пренатоварен камион го предизвикал рушењето на мостот, пренесуваат градските власти.

Државната кинеска телевизија јавува дека камионот носел товар од 187 тони на надвозникот каде максимално дозволена тежина е 65 тони.

Видео снимките кои ги објавија кинеските медиуми преку интернет покажуваат како надвозникот попушта и паѓа врз возилата долу. Исто така се гледа на снимката дека два автомобиле се целосно здробени, и фаровите се наѕираат од под сивиот бетон.

Уништени се три возила, меѓу кои и едно празно паркирано на страна. Три лица загинале во двете други возила, наведоа градските власти.

Кина оваа година имаше сериозни индустриски и сообраќајни несреќи.