Балкан
23. September 2016 - 19:10

Страотна несреќа во Белград: Момче и девојка со скутер завршија под трамвај

Во страотна сообраќајна несреќа во Белград тешко се повредени две лица.

Во насока кон Раковица трамвајот удри во скутер со кој се возеле момче и девојка.

Девојката со возила на брза помош е префрлена во Ургентиниот центар во тешка состојба, а момчето останало заглавени под трамвајот и по интервенцијата на полицијата и пожарникарите тој е извлечен и итно префрлен во Ургентниот центар.

Тој според последните информации се наоѓа на реанимација.