Страотна грешка на пијана бабица: Ги заменила бебињата после породувањето, но и покрај тоа – љубовта победила
Софи Серано (40) пред 21 година во Кан родила ќерка, а пред 12 години дознала дека од породилиштето излегла со погрешно бебе.
Медицинската сестра која била во алкохолизирана состојба ја направила оваа грешка.
Манон е заменета после раѓањето. Ја заменила депресивната и пијана бабица. Манон изгледала многу поинаку од Софи, нејзината кожа и коса биле потемни, но среќната мајка сепак ја прифатила. Не и паднало на памет дека бебето не е нејзино.
„Ја видов само неколку пати после раѓањето. Бев уморна, семејството често ме посетуваше, се чувствував сигурно во рацете на лекарите и сестрите. Во тој момент, што и да ви речат им верувате. Ги забележав промените, кожата и беше потемна, но сестрата ме уверуваше дека потемнувањето на кожата е последица од лекувањето со УВ зраци“ – објаснува Софи за „Дејли Меил“.
Со време разликата станала се поочигледна. Дури и нејзиниот татко бил загрижен и се прашувал “дали ова е негово дете“ и после една расправија се одлучил да направи ДНК тест.
Резултатите биле фрапантни.
Тој не бил таткото, а Софи не била мајката. Нивното дете не било со нив.
Морала да и ја соопшти вистината на Манон, која била очајна поради можноста да се одвои од жената која ја одгледала.
Софи ниту во еден момент не престанала да гледа на Манон како на свое дете. Три месеци подоцна адвокатот ја повикал Софи да и соопшти дека ја пронашол нејзината биолошка ќерка.
„Таа девојка многу личи на мене, толку е убава, неверојатна е. Кога стигнавме мојата биолошка ќерка ме прегрна. Бев во шок. Од последната прегратка поминаа 10 години. Видов сличност во нејзините очи, коса, лице, насмевка, сличности со нејзиниот татко. Бев во шок“ – додаде Софи.
Истакна дека средбата со биолошката ќерка бил трогателна, убава и вознемирувачка. Семејствата во почетокот често се среќавале, а подоцна средбите станувале се поретки, бидејќи биле многу боли.
На крајот семејствата се одлучиле децата да останат таму каде што се, со луѓето кои ги одгледале. Софи со години се бори со депресијата, не може да го преболи загубата на својата биолошка ќерка. Среќна е и ја обожава Манон, но загубата останува.
„После се што ни се случи, тешко ни беше да продолжиме таму каде што застанавме, но моравме“ – изјави Софи за „Дејли Меил“ и додаде дека нејзините чувства кон Манон не се променети.
„Нејзиното место во моето срце е незаменливо“ – додава Софи.
Манон исто така се сложи со нејзината мајка дека нивниот однос сега е повеќе продлабочен.
„Сега сме многу поблиски и развивме однос
Ново на Сител
-
Македонија и Малта ќе соработуваат за користење на ЕУ фондови за инвестиции во образование, наука, млади и спорт
-
Сиљановска-Давкова на Меѓународниот Астана форум 2025
-
Зидан сонува да стане селектор на Франција
-
Манчестер Сити објави големи промени во штабот на Гвардиола
-
Пау Кубарси е „Златно момче“: Дефанзивецот на Барселона прогласен за најдобар млад фудбалер во Европа
-
Челси по пресврт до титулата во Лигата на Конференциите
-
Рубио: САД ќе почнат да ги поништуваат визите за кинеските студенти
-
Федерален суд во САД ги блокираше царините наметнати од Трамп, тој веќе поднесе жалба на судската одлука