Свет
4. September 2018 - 8:32

Страотна глетка во Лондон: Пожар проголта училиште, 80 пожарникари се борат со пламенот

Во едно основно училиште во Лондон изби пожар, а засега нема информации за повредени.

Лондонската противпожарна бригада соопшти дека 12 возила и 80 пожарникари се упатени во источниот дел од британската престолнина, каде се наоѓа училиштето.

Ројтерс наведвува дека пожарот го зафатил училиштетот на Хјуир роуд во Дегенхем.