Живот
20. September 2017 - 21:04

Страотна глетка: Кога наеднаш пукна браната сите луѓе бегаа да спасат жива глава

Неверојатната снимка е снимена во азиската држава Лаос и покажува како луѓето по пукањето на браната панично почнале да бегаат.

Огромен бран од блискиот резервоар прекри неколку села, а работинците биле приморани да побегнат за да спасат глава.

За среќа, никој не е повреден, но се наведува дека седум села претреле голема штета.

Браната се наоѓа на околу 3 километри од погодените села, а локалните власти разгледуваат како на мештаните да им дадат некој вид компензација.

Веруваат дека силните дождови го поттикнале пукањето на браната.