Свет
9. July 2019 - 15:44

Страотна бура во Венеција: Крузер изгуби контрола и за малку ќе удри во пристаниште полно со туристи и бродови

Италијанскиот брод „Коста Делициоза“ во неделата покрај Венеција беше зафатен од страшна бура поради која крузерот за малку ќе се забиеше во пристаниште преполно со други бродови и туристи.

„Гледавме како оди право на нас“, изјави еден од сведоците на оваа несреќа.

Портпаролот на „Коста крстарења“ соопшти дека бродот и покрај се успешно го продолжил патувањето кон својата дестинација.

Градските власти веќе почнаа со истрага на овој инцидент, а италијанскиот министер за сообраќај Данило Тонинели нареди инспекција.

Да потсетиме, помина само нешто повеќе од месец дена откако крузерот МСЦ Опера се заби во главното градско пристаниште. Повредени беа пет луѓе и причинета е значителна материјална штета.

Наведниот настан мотивираше инцијативи за забрана на крузери во Венеција кои од година в година стануваат се поголем проблем за тој туристички град.