Свет
15. November 2017 - 13:59

Страотен верижен судар во Кина: Загинаа 18 лица во судар на 30 возила

Во кинеската покраина  Анхуа се случи страотна сообраќајна несреќа каде во верижен судар загинаа 18 лица, а најмалку 20 се повредени.

Во сударот учествувале околу 30 возила.

До несреќата дошло во градот Фуџанг, а како што се наведува, намалената видливост, односно маглата, е причина за оваа страотна несреќа.

На местото на несреќата помагаа бројни пожарникарски екипи како и медицински персонал.