Бизнис
15. December 2015 - 16:23

Странските инвестиции обезбедија 25 милиони евра за македонските градежни компании

Странските инвестиции ја раздвижија целата економија. Тие се директна поддршка за македонското градежништво, но и за фирмите од другите сектори кои се вклучени во синџирот на добаувачи.

Само за две години домашните градежници оствариле приходи во висина од 25 милиони евра преку нивниот ангажман во изградбата на капацитетите на странските инвеститори во зоните, но изгрдбата на инфраструктурата во нив.

Овие 25 милиони евра се распределени на повеќе компании од градежниот сектор на целата територија на Македонија. Тие во изминатите две години успеаа да го зголемат обемот на работа и да отворат нови работни места. Истовремено, градежништвото стана двигател на економијата во услови на криза, па според последните статистички податоци, смао во третиот квартал од оваа година бележи раст од околу 30%.

Инветсициите се значајни и за уште околу 500 домашни фирми од другите сектори кои соработуваат со странските компании и ги зголемуваат своите приходи и отвораат нови работни места.

-Во првите седум месеци од оваа година имаме 24 милиони евра приходи на домашните компании од странките компании во Македонија. Странските компании кои дошле во Македонија купиле стоки и услуги од домашните компании во оваа вредност. Нашата претходна проекција беше дека во цела 2015 година тој приход ќе биде 30 милиони евра, но веќе во првите седум месеци е 24 милиони евра, што значи дека до крајот на годинава веројатно ќе достигне 45, можеби и 50 милиони евра, истакна премиерот Никола Груевски

Фабриките во зоните го зголемија извозот од земјава, а најзначајно е што за 9 месеци од оваа година отворија 5800 работни места. До крајот на годината бројката ќе се зголеми затоа што неколку комапнии почнаа со работа токму во четвртиот квартал.