Странски работници ги полнат градилиштата низ регионот
Во недостиг на сопствена работна сила, се овораат вратите за работници од Таџикистан, Индија, Куба, Бангладеш, Кина и Русија. Во Србија тоа е веќе реалност. Со визи и работни дозволи овие луѓе се вработуваат во угостителството, градежништвото, ИТ секторот, сфери каде дефицитот на работници е најголем.
Со слична ситуација се соочува целиот регион. Македонија не е исклучок. Недостигаат општи работници, инжинери, угостиели, но затоа има суфицит во педагошките занимања.
Од една страна имаме голем недостиг на работна сила, а од друга страна кај зголемените вештини доминираат суфицитарните јазови, така што за занимањата од педагошките факултети за едно работно место има дури 75 невработени лица. Дефицитарни јазови се за општи работници, но и за услужните дејности.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар