Странски експерти го испитувале автопатот „Струма“: Банкините биле неправилно поставени
Банкините на автопатот „Струма“ каде се случи тешката автобуска несреќа во која животот го загубија 45 луѓе биле неправилно поставени. Ваква констатација донеле меѓународни експерти кои биле задолжени од Институтот за сообраќајна безопасност од Бугарија за да направат непристрасна експертска проверка условите на патот.
- Увидот утврди дека заштитните патни системи / заштитни огради / не се поставени според барањата. На подрачјето на несреќата се случиле бројни несреќи, при што се оштетени заштитните огради. Во овој случај, во средната разделна лента можеме да видиме дека има преинсталирање на објектот. Сигурно имало претходна несреќа во истата област. Приклучокот на заштитната ограда е неправилно монтиран со две завртки наместо четири, по потреба. Ова е причината поради која заштитната ограда се скина и покрај малата брзина со која удри автобусот. Утврдено е и дека недостасуваат знаци, а има и оштетени ознаки, велат од Институтот.
Наводите од анализата Институтот преку отворено писмо ги испрати до бугарското Јавно обвинителство и до Министерството за регионален развој.
Според информациите на Институтот, Регионалната управа за патишта два месеци пред несреќата утврдила дека на местото фалел знак и бараат истражните органи оваа информација да ја проверат.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест