Живот
27. November 2018 - 10:51

Страницата „Дикшнери“ го прогласи зборот на годината

Интернет страницата „Дикшнери“ го прогласи англискиот збор „misinformation“ за збор на годината, наместо неговиот речиси синоним – „disinformation“ (со значење – погрешна, лажна информација).

Лингвистката Џејн Соломон изјави дека тоа е намерно така направено, за да  се задржи актуелноста на борбата против лажните вести.

– Распространувањето податоци кои водат до  погрешен заклучок, е нов голем предизвик за животот во 2018 година… „Дезинформација“, исто така беше многу употребуван збор годинава, но намерната селекција информации која има за цел – насочување кон погрешен заклучок, беше многу намерна, смета таа.

Разликата меѓу двата поима, според лингвистката, е тоа што со „дезинформацијата“ се влијае на однесувањето и размислувањето на другите, а „мисинформацијата“ влијае не само на целта, туку и на однесувањето, верувањата и убедувањата на тој што ја распространува, па потоа на тие што ја прифаќаат.

– Така, вие и натаму можете да бидете добра личност, а да ширите податоци кои водат до погрешен заклучок, додава таа.

На интернет страницата „Дикшнери“, поимот „мисинформација“ се објаснува како лажна информација што се распространува без разлика дали има намера да се измами некој.
Според Оксфорд, збор на 2018 година, е „токсично“. 

Ново на Сител