Бизнис
13. July 2015 - 20:11

Стотина државни деловни објекти одат на продажба

На продажба заминуваат уште 100 тина државни деловни простории. Огласот, за вториот пакет е веќе објавен. Просториитеги има во сите градови , но најголем дел се сконцентрирани во Скопје,околу 40, во Куманово, 12 Прилет 8 , Гевгелија,  Валандово и Струмица имаат по четири и три се во  Битола, Кавадарци , Кичево  и Штип.  

Цената за квадрат  на деловните објекти се движи од 100 до 2000 евра, во зависност од локацијата и од квадратурата. Принципот на продажба на државните дуќани, е на барањ на бизнис заедницата.

Точната адреса, локацијата , големината на објектот и цената за метар квадратен, овие податоци  заинтересираните лица можат да ги најдат на веб страната на акционерсткото друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост.

Ограничување за аплицирање нема, на јавнотот наддавање можат да учествуваат сите домшани и странски правни и физички лица. Заинтересираните треба да поднесат пријава за учество по елетронски пат, најдоцна 30 дена од денот на објавувањеро на огласот.

На продажба  се 1000 дуќани во државна сопственост кои ќе се даваат во повеќе пакети Во првиот,  на продажба беа исто 100 локали.