Loading Video...
Македонија
24. July 2023 - 16:40

Стотици туристи од Македонија летуваат на Крф, агенциите уверуваат дека се безбедни

Стотина Македонци се на Крф, но нивната безбедност поради пожарите не е загрозена, оти се наоѓаат на друг дел од островот, велат од туристичките агенции. Евакуирани биле околните села, а на два часа бил испразнет само еден хотел, но таму немало македонски државјани.

„20 километри беше оддалечен Ипсос најблиску каде што избувна пожарот. Но, среќа, локализирани се пожарите, изгаснати се. Евакуацијата беше за превентива, за „не дај боже“ и сите луѓе беа донесени во Ипсос“ – Силвана Јовановска

Туристичките агенции преку кои се направени резервациите се во постојан контакт и со патниците и со нивните водачи. Тие, пак, велат дека нема простор за паника, бидејќи грчките служби се постојано на терен и работат на случајот.

„Отприлика има околу 150 Македонци. Повеќето, 99% се на Ипсос, но има и некои 50-ина луѓе кои се на југот на островот.  На Крф, за среќа, сега е добро. Во суштина, поголемиот дел од пожарот е локализиран. Моментално фрлаат огромна количина вода за да не дојде до проширување. За среќа, никој не настрада, ниту една куќа не изгоре“ – Ненад Крстиќ, водич на македонска група.

Телефонските линии на агенциите се вжештени, а најмногу повици имало од граѓаните кои деновиве треба да тргнат за Грција. Сепак, пожарите не поколебале никој и засега откажана резервација нема.

„Се јавуваат, да. Од утрово и ние во нашата агенција имаме повици и колегата којшто е на терен, од самите родители на нашите патници, од фамилиите коишто се заинтересирани. Нема откажани аранжмани, дури има и резервации“ - Силвана Јовановска

Министерството за надворешни упати апел да не се патува во загрозените подрачја. За Македонците кои веќе се во Грција, на располагање се и дежурните телефони на македонската амбасада во Атина и генералниот конзулат во Солун.