Стотици голи жени ќе го пречекаат Трамп во Кливленд

Стотици голи жени ќе го пречекаат најверојатниот кандидат на републиканците на претседателските избори во САД во ноември, Доналд Трамп, за време на Конвенцијата на неговата партија во Кливленд, што започнува денеска, јавија американските медиуми.
Жените ќе се соберат во Кливленд за протестната инсталација на познатиот фотограф Спенсер Тиник, при што секоја од нив во раце држи големо тркалезно огледало.
Според Тинук, инсталацијата е во знак на протестот против „политиката на републиканците кон жените“ и кандидатурата на Трамп.
Протестот е закажан за пред објектот во Кливленд каде ќе се одржи Конвенцијата на Републиканската партија.
- Имам две ќерки и жена и сум исплашен од јазикот на омразата во Републиканската партија против жените и малцинствата, изјави Тиник.
- Не може да се ограничам само да гласам. Треба да направам нешто, за да се спротиставам на тие идиотски тенденции, додаде познатиот американски фотограф.
Конвенцијата на републиканците во Кливленд започнува денеска, а завршува в четврток.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
