Стотици џамии во Франција викендов ќе нудат „чај на братството“
Стотици џамии низ цела Франција викендов ќе ги отворат вратите за посетители, на кои ќе им се нуди „чај на братството“ и ќе се даваат објаснувања за „исламот на разбирањето“, пренесуваат француските медиуми.
Францускиот Совет за муслиманска вероисповед ја презеде оваа иницијатива една година по џихадистичките атентати во Париз, во текот на јануари 2015 година, кога беа нападнати сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ и еврејски супермаркет со кошер храна, посочуваат француските медиуми.
-Си го поставивме прашањето што ние можеме да направиме за да го засилиме разбирањето и сплотеноста на нацијата, кога ќе се споменат овие настани, изјави претседателот на Советот, Анвар Кбибеш. „Одлучивме дека место да се враќаме назад кон трагичните настани, покорисно и поважно ќе е да го одбележиме ’духот на 11 јануари’ - на огромните граѓански настани во неделата по атентатите. Тоа го правиме со еднинствена цел - да размениме мислење со верниците, како и со сите наши сограѓани за да ги истакнеме вистинските вредности на исламот и да ги разбиеме клишетата за врската со насилството и тероризмот“ додаде тој.
„Чајот на братсвото“ ќе се одрржува под различни форми: пиење топли напивки и јадење слатки, дискусии, атељеа за калиграфија, покана за присуство на петте дневни молитви, посочуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини
-
Министерството за правда достави до Влада допис за предлог за разрешување на Коцевски
-
Орбан: Русија ќе биде „реинтегрирана“ во глобалната економија по завршувањето на војната во Украина
-
Авганистанецот призна дека намерно удрил во толпата во Минхен, соопшти германското Обвинителство
-
АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот
-
Пандов: Со цел мој авторитет ќе се потрудам затворските полицајци кои ја срамат униформата да завршат зад решетки