Стота изведба на претставата „Стјуардеси"
Претставата „Стјуардеси" од Марк Камолети во режија на Синиша Евтимов на Театар Комедија вечер ќе има 100-та изведба. Од премиерата на 6 декември 2013 година претставата досега ја виделе над 32.000 посетители.
- Пиесата - класична фарса на францускиот драматург Марк Камолети со оригинален назив „Боинг-Боинг“ е влезена во Гинис како еден од најизведуваните драмски текстови во Франција. „Стјуардеси" е најпродаваната театарска претстава во Република Македонија за 2014 година. Актерите Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино таа година за улогите во претставата го добија признанието најдобар млад актер, а следната година на манифестација „Златна бубамара“ претставата доби награда за претстава на годината, соопшти Театар Комедија.
Во вечерашната јубилејна изведба на „Стјуардеси“ ќе учествуваат актерите: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино, Жаклина Петровска, Кристина Ласовска, Тања Мицков и Марија Кондовска.
Режисерот Синиша Евтимов на сцената на Театар Комедија ја подготвува својата трета премиера предвидена за декември - „Жена ми се вика Борис“ од францускиот драматург Рафи Шарт.
Ново на Сител
-
МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади
-
Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
-
Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција
-
Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца
-
Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори
-
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
-
Полицаец фатил 15-годишник како вози па бил нападнат од него и неговиот татко
-
Малолетник силувал 14-годишник во Карпош