Македонија
30. September 2015 - 17:20

Сторија од Гевгелија: Како мигрантка стана мајка

Регистрацијата и протокот на мигрантите на југот од државата тече непречено и без никакви проблеми. Во последното денонокие МВР има издадено нови околу 2000 потврди на странски државјани, претежно од Сирија. Најголемиот дел од нив над 1200 се мажи, околу 200 жени и над 400 деца.  Дел од групите бегалци кои на пат кон земјите на европската унија транзитираат низ македонска територија биле  и сиријката Менол Сеух и нејзиниот сопруг кои  вчера попладне во гевгелиската болница ја добија нивната прва рожба,  девојче тешко 3250 грама.

-На гинеколошко акушерско одделение при општа болница Гевгелија примена е породилка државјанка на Сирија, поточно од Дамаск. Породена е во 15 часот и 30 минути. Породувањето се одвиваше спонтано во главична презентација. На пациентката ова и е прва рожба, прва бременост.  Породи жив женски плод со тежина од 3250 грама и должина од 51 сантим. Породилката е во одлична кондиција и во текот на вчерашниот ден и во текот на денешниот ден, рече  д-р Венци Чалков.

Од 19 јуни кога беа усвоени законските измени за азил издадени се вкупно 106 918 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на странски државјани. Од нив  над 80 000 се државјани од Сирија, близу 11 900 од Авганистан, над 7000 од Ирак.