Македонија
17. April 2023 - 16:28

Сторија: На работ на егзистенција преживува со помош на хуманите

60 годишниот Кире Бадаров кој е во лоша здравствена состојба, нема основни услови за живот. Живее во влага, без греење, со храна која ја добива како помош од Црвениот крст, а лековите ги зема благодарение на хумани граѓани кои му помагаат со пари. Кире со години се соочува со различни дијагнози, потешко се движи, преживеал и две тешки сообраќајни несреќи, не работи и нема никакви примања и покрај тоа што е социјален случај.

Во старата и трошна куќа, нема ниту услови за основна хигиена која му е неопходна. Долги години се снаоѓал да живее под кирија, но потоа се враќа во семејната куќа бидејќи нема повеќе средства. Бара од државата да му ги овозможи средствата за кои има правосилно решение и да му се додели социјален стан.

Апелира и до сите хумани граѓани кои имаат можност да му помогнат.