Македонија
12. May 2017 - 8:42

Стопанската комора на северозападна Македонија во посета на Тирана

Стопанската комора на Северозападна Македонија и Групацијата на бизнис жени при Комората реализираа посета во Албанија каде ги посетија бизнис инкубаторите кои работат во Тирана. 

- Оваа посета беше добра можност да се анализира како овие инкубатори функционираат и како ги поддржуваат младите претприемачи и иновативните идеи кои понатаму креираат нови работни места, велат од Стопанската комора на северозападна Македонија.

За време на посетата претставниците на Комората се запознале со искуствата на овие бизнис инкубатори во Албанија, а биле одржани и состаноци на кои се разговарало за организација на настани на регионално и меѓународно ниво и за учество во европските проекти. 

Посетата на Ecosystem Tirana – Innovation Hub Albania и Yоnus Social Business Balkans се реализираше во соработка и со поддршка на Програмата за зголемување на вработливоста на пазарот – ИМЕ.

Бизнис инкубаторите коишто беа посетени се развиени за да го поддржат и забрзаат процесот на развој на новите компании помагајќи ги младите претприемачи со ресурси и други услуги. Младите претприемачи се оспособуваат со следење на обуки за развој на бизнисот, техничка и административна поддршка, совети за менаџирање и развој на бизнисот, правни услуги, финансиски, како и пристап до финансии.