Стопанската комора ја поздравува владината одлука за пролонгирање на прогресивното оданочување

Стопанската комора на Македонија ја поздравува одлуката на Министерството за финансии за одложување на примената на Законот за данок на личен доход, како позитивен пример за земање предвид на барањата на бизнис заедницата.
-Ја поздравуваме одлуката особено зашто таа е резултат на направените анализи и од страна на надлежното Министерство, кои во најголем дел ги потврдија и нашите согледувањата како најстара и најбројна бизнис асоцијација. Остануваме на ставот дека за системски промени со финансиски импликации врз бизнисот, задолжително и континуирано мора да се спроведуваат јавни консултации и дијалог со Комората како застапник на реалниот сектор во државата, во насока на обезбедување поволно деловно опкружување и создавање применлива законска регулатива, наведува Комората.
Воедно потсетува дека на прес-конференцијата одржана на 14.10.2019 година беше упатен јавен повик до надлежните институции да бидат преиспитани ефектите од воведувањето прогресивно оданочување. Ваквиот став базираше на резултатите добиени од анкетата и направената анализа за ефектите од воведувањето прогресивното оданочување и зголемувањето на даночните стапки кај оданочувањето на доходот од капитал. Притоа, се укажа дека позитивниот ефект од воведување прогресија врз буџетските приходи е далеку помал од очекуваните ефекти и негативно се рефлектира на вкупното бизнис окружување.
-Зголемувањето на стапките значи праќање негативен сигнал како кај домашните, така и кај странските инвеститори и губење на компаративната предност и имиџот на држава со релативно ниски даночни стапки. Се укажа и дека зголемувањето на даночниот товар може да влијае на даночната евазија, стои во соопштението на Стопанската комора на Македонија.
Ново на Сител
-

Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското првенство за слабовиди и слепи шахисти
-

ОЈО ГОКК ја затвори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ Неготино, нема основано сомнение за кривични дела во предметот
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг
-

Татко го пронашол починато своето бебе во семејниот дом
-

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори
-

Леброн за неговата иднина: Немам што да докажам, сè сум направил, сè сум видел
-

Мицкоски: Има кус пат до ЕУ, но со понижувачки предизвици, ние го избираме потешкиот, со кој местото ќе го заслужиме со квалитет и резултати
-

22-годишник се претставил како друго лице за да избегне сообраќајна казна
