Столтернберг и Тачи разговараа за безбедноста на регионот и за ситуацијата во Косово
Безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и политичката ситуација во Косово биле главните теми во разговорот меѓу генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и косовскиот претседател, Хашим Тачи, во седиштето на Алијансата во Брисел, информира денеска НАТО.
Во текот на вчерашната средба Столтенберг истакнал дека КФОР ќе ја продолжи својата мисија за зачувување на безбедноста и безбедното опкружување во Косово и на гарантирање на слободата на движење се додека тоа биде потребно, во согласност со мандатот на ОН, се наведува во соопштението.
Генералниот секретар на НАТО подвлекол дека какво било намалување на бројот на припадници на силите на НАТО во Косово ќе се темели на подобрувањето на условите на теренот.
Осврнувајќи се на политичката состојба во Косово, Столтенберг ја поздрави, како што кажа, се поголемата политичка зрелост и одговорност на институциите во Приштина, но го повтори значењето на натамошните политички реформи и дијалогот со Белград за нормализација на односите, се додава во соопштението.
Столтенберг и Тачи, исто така, разговарале и за напорите на локалните власти во сузбивањето на опасноста од тероризам и странски борци и ја потврдиле заинтересираноста за натамошен развој на односите меѓу НАТО и Косово, заклучува НАТО во соопштението.
Ново на Сител
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден