Столтенберг: Војната во Украина ќе продолжи сѐ додека Путин очекува да се откажеме
Војната во Украина ќе продолжи сѐ додека (рускиот претседател Владимир) Путин очекува да се откажеме. Ова денеска го изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција по првиот ден од состанокот на министрите за одбрана на земјите од алијансата во Брисел.
-Треба да покажеме дека сме подготвени да обезбедиме долгорочна помош за Украина. Војната ќе заврши кога Путин ќе сфати дека не може да победи на бојното поле, додаде тој.
Главен принцип за НАТО е Украина да процени кое е прифатливо решение за постигнување мир, посочи Столтенберг одговарајќи на прашање поврзано со претстојната мировна конференција во Швајцарија.
-Над 99 отсто од целата воена поддршка за Украина доаѓа од земјите на НАТО, истакна тој.
Столтенберг појасни дека сè уште нема договор за одлука страните во пактот да му дадат на Киев најмалку 40 милијарди евра воена помош годишно и на долг рок. Според него, допрва треба да се изготвува ценовник на дадената помош за да може да се споредат податоците и да се распредели товарот на трошоците праведно во однос на БДП на поединечните сојузници. Тој објасни дека се планира половина од помошта да ја платат САД, а останатите 50 отсто сите други земји во алијансата.
Генералниот секретар изрази очекување дека на утрешниот последен ден од состанокот во Брисел, последен пред самитот во Вашингтон во јули, ќе биде одобрен планот за поддршка и обука на украинските војници.
-Утре ќе разговараме за новите планови за зголемување на одбранбеното производство, додаде тој. Не треба да се дозволи понатамошно одложување на испораката на Украина, бидејќи тоа води до последици на бојното поле, инсистираше Столтенберг
Ново на Сител
-
Две деца се степале на игралиште во Аеродром
-
Кривична против 46-годишник од Пробиштип, со остар предмет се заканувал на неговата сопруга
-
65-годишна жена од Австралија прегазена во Охрид
-
Кривична против три лица од Струга, физички нападнале малолетник и му нанеле тешки телесни повреди
-
Хамнеи прогласи победа на Иран над Израел во 12-дневната војна
-
Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир до ОЈО ГОКК
-
За 15 отсто намален бројот на првачиња во Дебар
-
Мицкоски: Ќе сториме се што е во наша моќ за да ги почнеме преговорите со ЕУ, но тоа нема да го направиме како „модерни“ Македонци